недеља, 19. октобар 2014.

Моите "верни" другарки

Пред два месеци конечно раскинавме со Звонко.
Но друг пат за тоа како и што се случи. Сега сакам да ви кажам за моите другарки.
Отсекогаш зборев и верував дека имам многу другарки, Звонко ме убедуваше дека тие луѓе не ми се пријатели, дека не ми мислат добро, но нормално јас мислев дека како и за се друго и затоа збори безмислици.
Но дали?
Викаат дека вистинските пријатели се гледаат во неволја.
Кога раскинав со Звонко секој ден бев по кафиња со другарки, како куче пуштено од ланец не сакав да се приберам дома. Но за жал моите другарки веќе сите се мажени или во долга врска па немаат ноќен живот, што секако за мене е тешко бидејќи немам другарка за да излезам навечер.
Значи, првите две недели секој ден бев да се извидам со сите луѓе со кои контактирав исклучиво по телефон, со некои ретко се гледав поради љубомората на Звонко.
Да, искачаа со мене првите две недели, интересно им беше да слушнат приказна, зашто сме раскинале, како, дали ми е тешко, дали ми досаѓа... Но само за да си ги наситат нивните души и после да оговараат и прераскажуваат, а не дека ми биле другарки како што мислев јас.
Од толку многу другарки (десеттина), што се крстев во нив, што на Звонко "му ги копав очите" кога ќе кажеше нешто лошо за нив, испадна дека јас сега се дружам само со една, само неа ја "има", другите се немаат време, или... не знам...ги киднапирале вонземјани, битно ги нема.
Веќе нема интересна приказна што може да ја слушнат, па не им е интересно.
Јас стварно сум била многу наивна и глупава, до кога? ДО КОГА?
До кога толку слепо ќе им верувам на луѓето и ќе мислам дека и они се фер како што сум јас!!!???

Сега кога ми треба друштво, поддршка, поткрепа нигде ги нема, а да им кажам дека има нешто ново да се случува ќе дотрчаат како хиени. Секогаш зборев дека моите другарки не се такви, дека имам вистински другарки и дека сум многу среќна поради тоа, но сум се излажала.

Многу сум разочарана!
Разочарана и во смисла на тоа што не му верував на Звонко и се борев за другарките, им го кажував тоа, мора да сум била смешна. Приметувам дека очигледно не се сите како што мислев дека се. Најтрагично е што јас на нив им бев другарка, повеќето од нив повеќе не ги гледам со исти очи.

ПРИЈАТЕЛИТЕ ВО ЛОШО СЕ ПОЗНАВААТ!










Нема коментара:

Постави коментар